Се намалува ширењето на сида меѓу младите

Агенцијата за борба против сидата на ОН соопштува дека е забележано значително намалување на ширењето на епидемијата меѓу младите на возраст од 15 до 24 години во земјите кои се најпогодени од оваа болест. Најголем број од младите заразени со ХИВ вирусот потекнуваат од африканските земји. Од ОН соопштуваат дека земјите во последните години го оствариле или се на пат да го остварат зацртаното и да го намалат ширењето за 25 проценти.