Авганистански војник убил тројца британски војници

Авганистански војник убил тројца британски војници во јужен Авганистан денеска, соопштуваат од министерството за одбрана. Портпаролот на министерството не дал дополнителни детали . Извештаите на медиумите пак велат дека инцидентот се случил додека војниците заедно били на патрола во близина на главниот град на провинцијата Хелманд. Во инцидентот се повредени уште двајца британски вонјици. Во соопштението на НАТО се наведува дека имало инцидент во кој се убиени тројца војници, но не се соопштува националноста на убиените и на напаѓачот.