Буџетско стабилизирање на Грција

Претседателот на Еврогрупата Жан Клод Јункер и комесарот за економски и монетарни прашања на Европската унија Оли Рен изразија задоволство од процесот на буџетско стабилизирање на Грција, објавија грчките медиуми по синоќешната средба на министрите од еврозоната во Брисел. Тие најавија дека до крајот на месецов во Атина ќе престојуваат европски експерти и врз основа на нивните заклучоци во септември ќе се донесе одлука за доделување на втората транша од заемот за Грција. Инаку, Грција денеска ќе пушти на пазарот шестмесечни државни обврзници во вредност од 1,25 милијарди евра.