Калашников отстапи дел од личната архива

Михаил Калашников, човекот кој ја измисли автоматската пушка АК47 отстпи дел од личната архива на музејот во неговото родно село Курија во Алтајскиот крај. Станува збор за воената униформа на Калашников, како и за документи, фотографии и книги од неговата лична библиотека. АК 47 е најпопуларното оружје во светот, а сликата на оваа пушка се наоѓа и на националните симболи на неколку земји. АК 47 бара минимално одржување и функционира во секакви климатски услови. Ова оружје почна масовно да се произведува во 1949 година.