Жбогар: сакаме брз договор меѓу Македонија и Грција

Словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар по синоќешната средба во Њујорк со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави дека Македонија чека на решение на спорот со името, а со тоа и влез во НАТО и почеток на преговорите со Европската унија. ,,За нас е прифатливо се за што двете држави ќе се договорат, но сакаме да се договорат и тоа што е можно поскоро, бидејќи сакаме ноември и декември да бидат успешни за Македонија. Веруваме дека на Македонија и треба тој чекор и заради внатрешната ситуација,, изјавил Жбогар кој потсетил дека Словенија ја призна Македонија под нејзиното уставно име. Жбогар и Ки Мун разговарале и за другите отворени прашање во регионот на Западен Балкан.