Во Северна Ирска судири меѓу католиците и полицијата

Во Северна Ирска во текот на изминатата ноќ продолжиле судирите меѓу католиците и полицијата, ден по големите маршеви на протестаните. Судирот почнал во делот на Белфаст кој се смета за упориште на католиците кога стотици од нив се обиделе да го оневозможат минувањето на колоната протестанти. Притоа на двете страни имало голем број повредени, но полицијата не соопшти прецизни податоци. Повод за судирите е 12 јули кога секоја година ирските протестанти со марш ја одбележуваат победата врз ирските католици во 1688 година.