Седумдесет и четворица загинати во Уганда

Бројот на загинатите во експлозиите на две бомби во Уганда се искачи на 74 лица. Меѓу жртвите има и странски државјани. Во инцидентот биле повредени седумдесетмина. Експлозивните направи биле поставени во два угостителски објекти каде гостите се собирале да го гледаат финалето на Светското првенство во фудбал во неделата попладне. Сомалистичката терористичка група ал-Шабаб ја превзема одговорноста за нападот.