Убиен полициски командир во Дагестан

Командир на полициските сили во провинцијата Дагестан беше убиен доцна синоќа во вооружена престрелка со непознати напаѓачи. Инцидентот се случил во градот Касавиурт. За сега неидентификувани напаѓачи отвориле оган врз возилото на полицаецот. Властите отпочнаа истрага за инцидентот и веруваат дека милитанти се одговорни за нападот. Државните службеници во Дагестан, како и во други Руски провинции во кавкаскиот регион, се честа мета на терористички напади.