Ганиќ стравува за својот живот ако биде екстрадиран во Белград

Поранешниот претседател на претседателството на Босна и Херцеговина Ејуп Ганиќ изјави дека стравува за својот живот доколку биде екстрадиран од Велика Британија во Србија. Тој за неделникот Сандеј Телеграф изјавил дека таму може да го обесат и се да изгледа како несреќен случај, или како самоубиство. Ганиќ вели дека во Србија не еможно да има праведно судење, поради националистичкото расположение во српската јавност. Властите во Белгард тврдат дека имаат нови докази за неговата вина во врска со нападот од мај 1992 година, врз конвој на поранешната ЈНА во кој беа убиени десетици војници и цивили и бараат да биде екстрадиран во Белград за да му се суди за „воени злосторства“.