Кастро ќе се појави на телевизија

Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро кој живееше повлечено во последните 4 години ќе им јавно обраќање на државната телевизија и радио вечерва . Кастро ќе ја изложи својата теорија дека светот е на раб на нуклеарна војна. Кастро во колумна напиша дека конфликтот меѓу Соединетите држави и Иран може да резултира со нуклеарна војна. Кастро беше на чело на Куба 49 години , а во 2006-та заради здраствени проблеми му ја предаде власта на својот брат Раул.