64 жртви на бомбашки напад додека гледале фудбал во Уганда

Најмалку 64 луѓе загинале при експлозија на две бомби поставени во ресторани каде се гледало Светското првенство во фудбал. Полицијата во Кампала, главниот град на Уганда, соопшти дека има индиции дека имало еден бомбаш самоубиец и се сомнева дека зад нападот стои е милитантската група Ел Шабах поврзана со Ал Каеда во Сомалија. Меѓу загинатите има и странци, меѓу кои и еден американец. Потпаролот на Белата Куќа, Томи Витор изјави дека Соединетите Американски Држави се подготвени да и достават неопходна помош на Владата на Уганда.