Повторно меламин во млекото во Кина

Кинеските власти заплениле 38 тони млеко во прав во кое е пронајдена токсичната материја меламин, која во 2008 година предизвика голема афера во Кина и светот, пренесоа кинеските медиуми. Во примероците од млекото во прав кое e запленето во сиромашните провинции Ганса и Чинхаи во северозападна Кина, нивото на меламин било 500 пати поголемо од дозволеното. Пред две години меламинот во млекото во прав беше причина за смртта на пет бебиња во Кина, а кај речиси 300 илјади мали деца предизвика заболувања.