Холанѓани финалето ќе го следат трезни

Холанѓани финалето на Светското првенство ќе го следат трезни. Во Холандија денеска и утре e на сила општата забрана за точење на алкохол на јавни места. Ваквиот чекор следува по неколкуте инциденти кои се случија по полуфиналната победа на Холанѓаните против Уругвајците минатиот вторник. Повеќето од тие немири ги предизвикаа млади луѓе под влијание на алкохол. Поради стравот од нереди од навивачите Холадија забрани продажба на алкохол ширум земјата на сите јавни места, железнички станици, во возовите и останати средства за јавен превоз, како и на сите навивачки собири на јавно место