Светски ден на населението

Под слоганот „Секој е важен“, Обединетите нации денеска го обележуваат Светскиот ден на населението. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги повикал светските лидери за направат се за да биде преброен секој човек. Тој изјавил дека само доколку се земат предвид потребите на секоја жена, маж, момче и девојка, тогаш ќе можат и да се достигнат. Фондот за население на ОН (УНФПА) како носител на активностте поврзани со Светскиот ден на населението, укажува дека пораката од годинашниот слоган е едноставна - доколку не се преброиме, не можеме ниту да правиме планови за развој.