БиХ ќе почека за поднесување кандидатура за во ЕУ

Босна и Херцеговина ќе го одложи поднесувањето на барањето за членство во Европската унија додека не добие повеќе охрабрувачки сигнали од Брисел, соопшти денеска во Дубровник, министерот за надворешни работи на БиХ, Свен Алкалај. Тој изјави дек ато аи понатаму е главна цел , но според него Европската комисија не е подготвена да го прифати барањето за членство на БиХ се додека во неа е присутна Канцеларијата на високиот претставник. Алкалај претходно изрази надеж дека БИХ ќе поднесе барање за членство во ЕУ до крајот на 2009 година, но тоа не се случи поради постојаните етнички тензии во земјата.