Нов обид на Бритиш Петролеум да се справи со нафтата

Бритиш Петролеум ќе постави нов вентил со која треба да се собере нафтата која истекува во Мексиканскиот залив. Се очекува со новиот вентил да се собира по 80 илјади барели нафта дневно, што е повеќе во споредба со досегашните 25 илјади барели. Се проценува дека секојдневно истекуваат по повеќе од 60 илјади барели нафта . Бритиш Петролеум е под голем притисок да го спречи истекувањето на нафтата која ги загади крајбрежјата на сите 5 американски држави кои се наоѓаат во Мексиканскиот залив.Штетите се проценуваат на неколку милијарди долари.