Северна Кореја се враќа на преговори

Северна Кореја вели дека е подготвена да се врати на разговорите за нуклеарно разоружување. Оваа одлука уследи откако Советот за безбедност на ОН го осуди нападот и потонувањето на јужнокорејскиот воен брод во март. Но со Резолуцијата на ОН сепак не се обвинува Северна Кореја и покрај тоа што меѓународната истрага го обвинува Пјонгјанг за инцидентот при кој загинаа 46 луѓе. Амбасадорот на Северна Кореја во ОН изјавата дека се враќат на преговорите ја опиша како "голема дипломатска победа" за неговата земја.