Претседателот Иванов во посета на мировниците во Босна

Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Армијата на Македонија, Ѓорге Иванов денеска ќе ги посети македонските мировници во мисијата на Европската унија АЛТЕА во базата Бутмир во Сараево. Претседателот ќе положи венец на споменикот на загинатите припадници од воздухопловниот ВИНГ на АРМ во мисија АЛТЕА, а најавена е средба и со командирот на ЕУФОР, Бернард Баир. Утре Иванов ќе ќе присуствува на одбележувањето на 15-годишнината од воените злосторства во Сребреница.