Затворениот американец во Северна Кореја се обидел да се самоубие

Американецот Ајалон Гомес, кој е во затвор во Северна Кореја, се обидел да се самоубие и се наоѓа во болница, соопшти корејската новинска агенции, без дополнителни детали. Гомес е осуден на 8 години затвор поради наводен илегален влез во земјата. Властите во Пјонг Јанг го отфрлија барањето од Соединетите Држави да го ослободат Гомес.