Одбиено барањето за стопирање на подводното дупчење за нафта во САД

Американскиот апелациски суд го одби барањето за суспендирање на сите подводни дупчења за нафтени извори покрај американското крајбрежје. Белата куќа побара суспендирање на сите активности за отворање на нови подводни нафтени извори по експлозијата на платформата на „Бритиш Петролеум“, која од 20 Април годинава предизвикува еколошка катастрофа во Мексиканскиот Залив.