Македонските мировници заминуваат во Авганистан

Денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип ќе се одржи свеченост по повод испраќањето на контингент на Армијата на Република Македонија во мисијата ИСАФ во Авганистан. На свеченоста се очекува да присуствуваат шефот на државата Ѓрѓе Иванов, министерот за одбрана Зоран Коњановски и началникот на генералштабот на АРМ генерал – потполковник Мирослав Стојановски.