Турција:Израел да ја прифати одговорноста

Oдносите меѓу Анкара и Тел Авив нема да се подобрат се додека Израел не ја прифати одговорноста за нападот врз хуманитарниот конвој за Појасот Газа, изјавил денска во Лондон шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу . Тој по средбата со британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг изјавил дека Турција очекува Израел да се извини и да го прифати злосторството или да се согласи за меѓународна истрага за инцидентот. Шефот на израелската дипломатија Авигдор Либерман изјави дека Израел нема да и се извини на Турција . Хејг на средбата нагласил дека Лондон ќе продолжи со притисоците врз земјите-членки на Европската унија да ја прифатат кандидатурата на Турција за членство во ЕУ.