Летерм:потребна дискретност за прашањето за името

Главната одговорност за решавање на спорот за името им паѓа на политичките раководители како од Поранешна југословенска Република Македонија, така и од Грција. Има назначено и еден Американец кој треба да најде изнаоѓање на решение, а ако тие побарат и белгиското претседателство е подготвено да направи напори преговорите да донесат плодни резултати, изјавил белгискиот премиер Ив Летерм, јавува МИА. Тој додал дека сега е потребна дискретност по ова прашање, за да не се направат работите уште потешки.