Владата во Романија ќе отпушти 4.000 вработени

Владата во Романија одлучила да го намали бројот на вработени во владата, во министерствата и во владините агенции за да се намалат буџетските трошоци. Се очекува бројот да се намали за 4.000 вработени. Намалувањето на работните места е дел од мерките што ги превзема владата да го намали буџетскиот дефицит за да може да земат заем од Меѓународниот монетарен фонд. Сите мерки за штедење предизвикаа незадоволство кај Романците.