Корупцијата во Авганистан длабоко навлезена во системот

Корупцијата во Авганистан се зголемила за двапати во последните две години, покажува истражувањето на Интегрити Воч меѓународна организација која се занимава со корупција. Истражувањето покажало дека изминатата година Авганистанците дале речиси 1 милијарда долари за мито. Од анкетираните 6.500 Авганистанци, третина одговориле дека морале да платат поткуп за да добијат некоја услуга од јавниот сервис. А повеќето од половина одговориле дека Талибанците се лидери на корупцијата. Интегрити Воч вели дека корупцијата станала толку вкоренета во системот, што се заканува на меѓународните напори за борба против корупцијата .