Фокс-британските војници ќе се повлечат од Авганистан

Британскиот секретар за одбрана Лијам Фокс изјави дека британските војници ќе бидат повлечени од клучните подрачја во јужен Авганистан и ќе бидат заменети со американските трупи до крајот на годинава. Фокс изјави и дека тие се решиле на таков чекор поради плановите на НАТО да воспостави американски војници во северениот дел на покраината Хелманд, некаде во ноември.