Задари оствари средба со Џинтао

Пакистанскиот претседател Асиф Али Задари кој е во шест дневна посета на Кина се сретна со неговиот кинески колега Ху Џинтао. Во фокусот на нивните разговори беше трговската размена меѓу двете земји и прашања од областа на безбедноста. Задари и Џинтао се договорија дека ќе работат заедно во борбата против екстремизамот, сепаратизамот и тероризмот. Двете земји веќе заедно извршуваат контратерористички вежби во еден кинески регион.