Во Србија ќе им го одзема имотот на осудените за воени злосторсва

Српското обвинителство за воени злосторства има намера, кај случаите за воени злосторства да го примени законот за одземање на имот стекнат со кривично дело. Српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ, најавил дека во два предмета ќе биде покрената оваа постапка за да се утврди како е стекнат енормен имот. Законот за одземање на имот со потекло од кривично дело во Србија се применува од март минатата година.