Поплави во Молдавија, евакуирани 2.000 луѓе

Властите во Молдавија велат дека повеќе од 2.000 луѓе се евакуирани откако почнала да се излева реката Прут . Од поплавите се уништени околу 100 куќи. Се очекува нивото на реката, да се зголеми во текот на следните неколку денови. Се градат насипи да се спасат останатите домови.