Расмусен го критикува односoт на ЕУ кон Турција

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен денеска во данскиот печат го критикуваше „неправедниот однос“ на ЕУ кон Турција и конкретно недостатокот на изразена волја од страна на Унијата да и даде повеќе влијание на оваа земја. Тој изјавил дека е од суштинско значење е да се зачува партнерството со Турција не само со НАТО, каде таа е многу почитуван сојузник, туку и со ЕУ.