Нетанјаху: преговори со Палестинците без предуслови

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека треба без предуслови да се отпочнат директни мировни разговори со Палестинците. Но, Нетанјаху, одбил да каже дали ќе продолжи со изградба на нови израелски населби на Западниот Брег, до септември . Палестинците побараа изградбата за се замрзне пред да се обноват директните преговори. Американскиот претседател Барак Обама, по вчерашниот состанок во Белата Куќа со Нетанјаху, ги повика Израел и Палестинците да продолжат со директните преговори. Нетанјаху денеска повтори дека Израел е подготвен да ги продолжи директните разговори. Палестинците ги прекина директни мировни разговори со Израел откако Израел ја почна воената офанзива во појасот Газа во крајот на 2008 година.