Владата останува фокусирана на антикризните мерки

Премиерот Никола Груевскиизјави дека и покрај одредени економски позитивни индикатори, владата ќе остане фокусирана на антикризните мерки. Тој изјави дека внимателно се следи развојот на европската економија која се обидува да ја избегне втората рецесија. Груевски изјави дека последните позитивни индикатори како што се растот на извозот од 8 проценти и на трговијата од 11 проценти, и намалувањето на каматите, даваат надеж оти во наредниот период може да дојде до одредено подобрување.