Обама: итно продолжување на директните разговори

Американскиот претседател Барак Обама ги повика Израел и Палестинците да почнат директни мировни разговори во наредните три месеци. Во изјавата дадена по средбата во Белата Куќа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Обама изрази верување дека Израел е сериозен во врска со продолжувањето на директните разговори со Палестинците. Тој нагласи дека би сакал продолжувањето на разговорите да се случи пред истекот на замрзнувањето на доселувањето на Израелците во Источен Ерусалим.