Саркози:Обвиненијата против Ерик Ворт се клевета

Францускиот претседател Никола Саркози, ги негираше тврдењата дека за време на неговата претседателска кампања во 2007-та францускиот министер за труд, Ерик Ворт, добил 150 000 евра од наследничката на козметичкиот гигант л'Ореал, Лилиан Бетанкур, за финансирање на предизборната кампања. Ерик Ворт често наидува на остри критики за тоа што додека бил министер за труд (2007 март до 2010 година), неговата сопруга управувала со дел од богатството на Лилиан Бетанкур, за која постојат сомневања за даночни измами. Францускиот претседател изјавил дека со таквите обвинувања имаат за цел да фрлат дамка без никаква доза вистина.