Кабинетот на Филе за средбата со Црвенковски

Од Кабинетот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе соопштуваат дека ќе побараат подршка на агендата на реформи што се однесуват на европската интеграција на Македонија. Соопштението од Кабинетот на Филе доаѓа по неговата средба со претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. Од Кабинетоот соопштуваат дека двајцата направиле проценка на ситуацијата во земјата во клучните области и зборувале за реформите кои се потребни. По средбата Црвенковски изјави дека земјата назадува во некои области. Тој изјави дека ЕУ го следи процесот за решение на спорот за името но дека не сака да се меша , бидејќи тој процес се води под ОН. Доцна вечерва комесарот Филе ќе се сретне со европратеници кои го следат проширувањето на Европскиот парламент, меѓу кои и со известувачот за Македонија Зоран Талер.