Без договор за анкетна комисија за инцидентот во Собрание

Не е постигнат договор за формирање на анкетна комисија која треба да го испита инцидентот во Собранието кој се случи на 1 јули. На денешната координативна седница , пратеничките групи неможеле да се договорат каква да биде комисијата , колкава да биде нејзината автомомија и кој да ја раководи. На координацијата која ја свика претседателот на Собранието, покрај него учествуваа и потпретседателите на Парламентот, и координаторите на СДСМ; ВМРО-ДММНЕ, НСДП И ДУИ.