Средба Црвенковски - Филе во Стразбур

Процесот на интегрирање на Македонија во Европската Унија, и преговорите за спорто за името, биле централни теми на раговорот меѓу претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе , денеска во Стразбур. Лидерот на СДСМ изјавил дека во некои области Македонија назадува во процесот на интегрирање, притоа ги посочил состојбите во судството и позицијата на Владата во однос на Уставниот суд, како и состојбите во јавната администрација и слободата на медиумите. Околу прашањето за името, од Европската Унија изјавиле дека го следат процесот но не се заинтересирани да се вмешаат во нив. Филе и Црвенковски не разговарале за датум за почеток на преговори, бидејќи Македонија е многу далеку од тоа