Најмалку 12 загинати во судирите со курдите во Турција

Деветмина курдски бунтовници и тројца турски војници загинаа синоќа кога припадници на терористичката Курдска работничка партија нападнаа воен логор во југоисточна Турција, јави Анадолија повикувајќи се на воени извори.
Во судирите во појасот околу турско-ирачката граница, се ранети уште тројца војници. Во текот на ноќта и изутрината турски воени хеликоптери ја пребаруваа областа во потрага по други бунтовници.
ПКК води вооружена борба против властите во Анкара од 1984 година. Организацијата прво се залагаше за создавање независна курдска држава, а потоа за автономија на Југоисточна Турција, каде доминира курдско население. Во вооружените конфликти досега загинаа над 4О илјади луѓе