Вонредна седница на Советот за Безбедност на ОН за Косово

По повод најновите случувања во Косово, по серијата оружени напади во северниот дел од Косовска Митровица, во Њујорк денеска ќе биде одржана вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации.
Седницата е свикана од претседавачот на Советот, Нигерија по барање на Србија. На седницата ќе присуствуваат и претседателот Борис Тадиќ, шефот на мисијата на ОН во Косово, Ламберто Ѕаниери, а се очекува присуство и на косовскиот министер за надворешни работи Скендер Хусеини, но не е одлучено дали тој ќе зборува пред учесниците.