Протести во Тел Авив за ослободување на војникот Шалит

Околу 15 илјади Израелци се собрале денеска на протести во Тел Авив да побараат ослободување на војникот Гилад Шалит кого пред 4 години го заробија палестински екстремисти. Протестот пред неколу денови го започна семејството на војникот, а потоа се придружија и други луѓе кои сакаат владата да се договори со Палестинците за ослободување на војникот. Поради протестите премиерот Бенјамин Нетенјаху е под притисок да постигне спогодба со Хамас. Тој изјави дека ќе ослободи 1.000 затвореници во замена за војникот, но нема
да прифати да ги ослободи и истакнатите екстремисти кои се виновни за смртни напади врз Израелци.