Утре координација за инцидентот во Собранието

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски за утре свика координација на сите пратенички групи за да се најдат начини со кои ќе се надмине ситуацијата по инцидентот од пред неколу денови во Парламентот. Претходно опозицијата побара да се формира анкетна комисија која ќе го испита целиот случај. Вељановски изјави дека тој не може да формира комисја и дека за тоа е потребно да добие писмен предлог.