Ромпуј и Косор загрижени за состојбата во Косово

Претседателот на Европскиот совет Ван Ромпуј и премиерот на Словенија Борут Пахор на денешната средба во Брдо кај Крањ, изразиле загриженост за случувањата на северот на Косово . Пахор изјавила дека се уште не е јасно дали во северниот дел на Косово станува збор за изолирани инциденти или за „конзистентна политика“, но во секој случај Словенија се залага за дијалог. Ван Ромпуј за време на дводневната балканска турнеја ќе ги посети и Белград, Загреб и Приштина. Централна тема на разговорите ќе биде Западен Балкан.