Отунбаева:постои ризик од нови насилства

Претседателката на Киргистан Роза Отунбаева предупреди денеска дека се можни нови немири во земјата. Отунбаева му кажала на рускиот претседател Дмитри Медведев дека во моментот ситуацијата е релативно мирна, но дека не се исклучува можноста од нови насилства. Медведев и рекол на Отунбаева дека може да смета на руска помош. Во минатомесечните етнички немири во Киргистан загинаа најмалку 294 луѓе. Тоа е најлошиот етнички конфликт во тој региот по распадот на Советскиот сојуз. Отунбаева и Медведев се состанаа на маргините на регионалниот економски самит во казахстанскиот главен град Астана.