Во Косовска Митровица ранет косовски пратеник

Пратеникот во Собранието на Косово Петар Милетиќ изутрината бил ранет од непознат напаѓач пред неговиот стан во северниот дел на Косовска Митровица. Портпаролот на косовската полиција Беси Хоти потврди дека кон Милетиќ биле истрелани 4 куршуми, од кои еден го погодил во нога, па не е во животна опасност.