Двајца полицајци убиени во Ингушетија

Непознати напаѓачи отвориле оган од автоматско оружје врз две возила кои транспортирале полицајци во Ингушетија, при што двајца полицајци загинале, а 5-мина биле повредени. Никој не ја превзел одговорноста за нападот, но се претпоставуав дека тоа е дело на исламските милитанти кои често ги напаѓаат руските сили во Ингушетија, во која претежно живее муслиманско население.