Кинеските сили го обезбедуваат Урумчи

Кинески безбедносни сили се распоредени денеска во провинцијата Ксинџијанг за да спречат евентуални насилства на годишнината од судирите меѓу ујгурите и хан кинезите, во кој загинаа околу 200 луѓе, а 1.700 беа повредени. Засилени полициски контроли има во Урумчи, главниот град на провинцијата, но центарот на градот денеска бил речиси празен.