Почнува разврската во случајот за испорачување на Ејуп Ганиќ

Во Лондон денеска почнува главното рочиште во постапката за испорачување на поранешниот член на претседателството на Босна и Херцеговина Ејуп Ганиќ на Србија поради сомневања дека тој извршил воени злосторства врз припадниците на ЈНА при повлекувањето од Сараево во 1992- та година. Рочиштето трае до 9- ти јули.
Во меѓувреме, во Хаг продолжува судењето против поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ. Свој исказ пред Судот ќе изнесе сведокот на Обвинителството Момчило Мандиќ, кој беше министер за правда на Република Српска во 1992- та година.