Бајден се сретнал со кандидатите за премиер на Ирак

Американскиот заменик-претседател Џо Бајден денеска се сретна со двајцата кандидати за премиер на Ирак. Бајден разговарал со поранешниот премиер Ијад Алави, кој тесно го победи актуелниот премиер Нури ал-Малики , на изборите кои се одржаа во април. Ирачките политичари сеуште немаат формирано влади и избрано премиер. A потоа се сретнал и со Малики. За утре е предвидено да се сретне со претседателот Џалал Талабани. Ирачките политичари се расправаа околу тоа кој има право да формира нова влада по парламентарните избори. Ал-Малики и Алави се обидуваат да формираат мнозинство во парламентот. Претходно во текот на денот, Бајден го одбележа Денот на независноста со американски војници во американска воена база во близина на Багдад . Притоа изјавил дека Соединетите држави остануваат определени да му помогнат на Ирак да стане безбедна и просперитетна земја.