Пожарот во Конго, предизвикан од отпушок од цигара

Пожарот и смртта на 230 – те луѓе кои загинаа во Конго по превртувањето на цистерна, го предизвикал отпушок од цигара. Истрагата за пожарот покажала дека додека селаните се обидувале да ја соберат нафтата некој од жителите фрлил отпушок од цигара. Вчера во Конго се преврте камионот со цистерна полна со нафта, а пожарот го зафати целото село во кое куќите биле од слама и земја Во пожарот загинаа 230 луѓе меѓу кои 61 дете.