Копија од кокаин на трофејот од Светското фудбалско првенство.

Колумбиски наркотрговци направиле копија од кокаин на трофејот од Светското фудбалско првенство. Колумбиските власти што го заплениле трофејот објасниле дека тој е направен од 11 килограми кокаин, помешан со ацетон или бензен, со што се добила маса за обликување. Бил исфарбан со златна боја со зелени линии на дното. Пакетот во кој се наоѓал трофејот бил адресиран за Мадрид.